Латифи свесен дека мора да се подобри за да остане на гридот

Николас Латифи во моментов е последен во возачкиот поредок откако не успеа да заврши трка подобро од 14то место оваа тркачка сезона и заедно со Мик Шумахер се единствените двајца без топ 10 пласман на трка.

Канаѓанецот ќе се трка на домашното Гранд При викендов, заедно со својот сонародник Ленс Строл, и свесен е дека мора да ги подобри перформансите откако неговиот колега веќе имаше два пласмани во поени.

алекс се прилагоди побрзо од мене на новиот болид и јас морам да го променам тоа – изјави ники за Journal De Montreal.

Продолжување со лошите перформанси може да значи крај на неговиот престој во Формула 1, а веќе некое време се шпекулира дека Вилијамс веќе го договориле Оскар Пиастри, младиот возач на Алпин, како замена за Латифи ушет од Силверстон.

Се шпекулира дека Пиастри веќе оставил свои мерки за седиште во Гроув, иако официјално ништо не е потврдено.

дефинитивно сум свесен дека морам да ги пдообрам моите перформанси и ќе лажам ако кажам дека моето место во екипата е безбедно. целосно сум свесен за ситуацијата во која се наоѓам.

не се чувствувам позагрозен од било кој друг на кого договорот му истекува на крајот од годинта. признавам дека од саудиското гранд при немам добро чувство додека возам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ