Латифи се мачи да стекне верба во болидот

Николас Латифи призна дека се мачи да го вози болидот на Вилијамс и да стекне верба во истиот.

Канаѓанецот има многу тежок почеток на сеоната и е еден од само двајцата возачи на гридот, заедно со Мик Шумахер, кои немаат освоено поени по првите 5 трки од сезоната. Неговиот колега, Александер Албон има 3 поени по 10то место на Имола и 9то во Мајами.

Ники призна дека има проблеми со болидот од почетокот на сезоната, но е убеден и верува во напредок.

очигледно е дека перформансите не се онакви какви што сакам да бидат. по имола доста детални ги објаснив проблемите што ги чувствувам како и невербата во болидот, нешто што е клучно во возење на овие болиди.

од некои причини, болидот не е на нивото кое треба д биде и мислам дека секогаш кога го возам болидот, напредувам во таа област имам тежок старт, јасно е дека не сме онаму каде што сакавме како екипа, ни недостасува потисна сила, но се мачиме и со балансот.

комбинација од новите карактеристики на болидот споредено со претходните години ни прават проблеми со чувството во болидот и начинот на кој се тркаме – посочи латифи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ