Латифи со свое објаснување за инцидентот со Гросжан

Возачот на Вилијамс, Николас Латифи, прифаќа целосна одговорност за неговиот судар со Роман Гросжан од Хаас и смета дека условите кои владееле на патеката придонеле за бизарниот судар.

Канаѓанецот се мачеше со ритамот во Турција и многу рано во текот на трката беше минат за цел круг. Роман Гросжан стигна да го претекне за круг Латифи на 9та кривина, но имаа контакт и двајцата се извртеа, а поради здобиената штета од инцидентот двајцата се откажаа. По трката, Николас доби опомена од стјуардите за инцидентот.

беше моја грешка, но двајцата се мачевме со истата работа како што чув по трката и не можев да видам ништо во ретровизорите од првиот круг. не бепе од дожд или магла туку од цел слој нечистотии како и на остатокот од болидот.

кога сте во исти круг и ритам како и останатите може да се снајдете, но јас многу рано заостанав цел круг и беше многу тешко да спеам да се поместува од патот на побрзите болиди. единствено се ослонував на радиот пораките кои ми кажуваа до каде се конкурентите зад мене и кога ќе ме претекнат. кога ќе почне да свети и свири плавото светло во кокпитот веќе е доцна затоа што тие се зад вас.

зад мене дојде едно рено, а гросжан беше зад него, се тргнав на страна и забавив во внатрешноста од кривината за тие да минат преку тркачката линија, но тие беа многу позади и јас не можев да ги видам. кога рено мина јас бев во позиција во која морав да свртам, но имав подуправување и удрив во роман.

моја грешка дефитивно, беше несреќен случај. можеби ако почнев да кочам порано ќе минеше без контакт, но тешко се пресудува кога возите – објасни латифи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ