Латифи ја прифаќа одлуката на Вилијамс

Николас Латифи целосно ја разбира одлуката на Вилијамс да не продолжуваат со него и следната година, признавајќи дека се мачи со овогодинешните целосно променети болиди.

Вилијамс и Латифи се согласија да се разделат на крајот од следната сезона откако канаѓанецот не успева да покаже перформанси и резултати цела сезона. Тоа става крај на престојот на канаѓанецот во тимот кое трае веќе три години, така што тимот сега бара партнер за Александер Албон за следната сезона.

Објасувајќи ја одлуката на екипата од Гроув, Николас посочи дека тимот одлучил да не продолжи со него по Италијанското Гранд При, но одлуката била донесена врз база на анализа од неколку трки, а не на одличните перформанси на Ник де Врис во Монца како замена за Албон.

ова е индустрија базиарана на резултати, а очигледно е дека перформансите годинава ги немам. екипата мораше да донесе одлука која е најдобра за нив и се разделивме, едносавно е.

јас целосно ја разбирам нивната одлука, веќе прифатив и одам понатаму во следно поглавје од мојата тркачка кариера.

задоволен сум со тоа што го постигнав, на некој начин поради тоа одлукта ми беше полесна затоа што не жалев за ништо на патеката или надвор од неа. едноставно не одеше понатаму и не жалам – изјави латифи од падокот во сингапур.

Откако дебитираше во 2020 година, Латифи си обезбеди и втора година во Вилијамс, покажа напредок како дебитант, се доближуваше до колегата Џорџ Расел и често беше многу блиску до поени, а освои вкупно седум. Најголем успех му беше 7то место на Хунгароринг. Но, тој призна дека не успеал да се адаптира на новиот ФВ44 болид со променети правила и немал верба во болидот.

природно, филозофијата на овие болиди е таква, кај мене донесе додадена потешкотија во возењето. многу се различни од ланските, повеќе се на лимитот, не простуваат грешка поради гумите и поради аеродинамиката, тврдината и слично.

не е убаво додека ги возите, а нашиот болид имаше клучни грешки во балансот, а немавме ни доста потисна сила. јасно е дека имавме проблеми заоа што кај потисната силасекогаш сакате повеќе, а кај нас недостасуваше затоа што на бавните патеки со многу потиска сила бевме најбавни.

a мене клучно е однесувањето на болидот, а со ланскитое ми беше подобро. сепак, да бидам искре, никогаш болидот не го одредувал мојот возачки стил затоа што се менувам и адаптирам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ