Легалноста на моторот е многу важна за Ред Бул

Ред Бул сметаат дека објаснувањата на ФИА во врска со моторите кои беа објавувани на крајот на минатата година биле многу важни за еднаквоста и легалноста во Формула 1.

На брање на тимовите, Федерацијата издаде неколку технички директиви на крајот на минатата година со која објаснуваа што е дозволено, а што не во врска со агрегатите. Ова следуваше по очигледната предност која Ферари ја имаа по почетокот на вториот дел од сезоната, а за која ривалите се сомневаа дека не е стекнат на целосно дозволен начин.

Италијанците тврдеа дека првилата на никој начин не влијаеле на нив и дека по објавувањето на директивите не промениле ишто на својот мотор.

моторот од секој болид е неверојатно сложен дел и мислам дека фиа нема стручност и искуство да проценат тоа што тимовите о развиваат. мислам дека потребно ни е целосно заклучување на развојот во одредени делови и фокус кон напред, а не кон назад. за нас е важно да се има целосно чиста слика во пресрет на оваа тркачка сезона – смета кристијан хорнер од ред бул.

Запрашан дали смета дека некои од екипите мамеле со таканаречените “сиви области“ во спортот, Хорнер изјави:

благодарни сме на објаснувањето кое го објави фиа и тоа е корисно за сите.

Една од главните работи кои ФИА ги наложи е поставување на втор сензор за мерење на проткот на гориво кој мора да биде имплементиран во моторите од оваа тркачка сезона. Ова дојде по обвинувањата дека некои производители пронашле начин да го измамат мерењето со еден сензор при тоа засилувајќи го протокот на гориво кое минувале незабележано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ