Легендарниот бренд Лола се продава за 7 милиони фунти

Легендарното британско име во моторспортот, Лола, е на продажба по цена од 7 милиони фунти, а многумина се надеваат дека оној кој ќе се реши да го купи брендот ќе го врати онаму каде што припаѓа, на тркачката патека во различни категории.

Брендот за прв пат беше поврзан со Формула 1 во 1962 година и остана во спортот се до 1997 година, а целосно престана со своите тркачки активности во 2012 година.

Компанијата беше основана во доцните 1950-ти години од страна на Ерик Броадли и имаше седиште во Хантингтон каде имаше технолошки центар и воздушен тунел кој го користеа многу екипи како и производители на патнички автомобили. Техничкиот центар и воздушниот тунел се на продажба од 2018 година, а брендот и се во врска со него од скоро се нудат.

Броадли почина на 88-годишна возраст во 2017 година, а активно ја водеше Лола се до 1997 година кога компанијата ја купи Мартин Биран и инвестираше во целосно нова фабрика.

Прва Формула 1 трка на Лола со своја шасија беше на Холандското Гранд При во 1961 година, а болидот го возеше Џон Суртес за тимот Боумејкер-Јоман Рејсинг со кои стартуваше од пол позиција, но се судри во 8от круг. Таа година заврши на 2ро место на Британското и Германското Гранд При.

Освен тие два подиуми на Суртес, шасија на Лола имаше подиум и со Агури Сузуки во 1990 година на Јапонското Гранд При каде нивна шасија возеа Ларус тимот.

Лола дизајнираше и произведе 5.000 тркачки возила помеѓу 1958 година и 2012 година со успех во многу моторспорт категории вклучително Индикар, Формула 5000 и јуниорските серии.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ