Легендарното Ферари на Шумахер продадено за над 13 милиони долари

Шампионското Ферари на Мик Шумахер од 2003 година беше продадено за рекордна цена на аукција организирана од страна на RM Sotheby’s.

Болидот стана највреден Формула 1 болид во модерната историја откако беше купен за 13 милиони швајцарски франци, односно 13,2 милиони американски долари по денешната аукција во Женева. Износот е речиси двојно повеќе од претходниот болид, Ферари Ф2001 кој во Њу Јорк пред пет години беше продаден за 7,5 милиони долари.

Се работеше за моделот Скудерија Ферар Ф2003-ГА, шасија број 229 која во голем дел беше одговорна за насловот на Црвениот барон таа година затоа што со истата победи во Шпанија, Австрија, Канада, Италија и САД и имаше дополнителни подиуми. Исто така тоа е една од само четирите шасии со кои Шумахер победил повеќе од пет пати во една сезона.

Со титулата таа 2003 година тој стигна до рекордни 6 титули соборувајќи го рекордот од 5 наслови на Фанџо. Ферари таа година дојде до 13та конструкторска титула.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ