Леклер би сакал да вози Ле Ман со Ферари

Шарл Леклер изјави дека би бил среќен да се обиден на легендарната трка 24 часа Ле Ман со неговиот Ферари во иднина.

Италијанците минатата недела објавија дека се враќаат во врвното тркање со автомобили од 2023 година со својот проект за хипер автомобил во најсилната ендјуранс класа. Со тоа, Ферари се враќа на Ле Ман откако прв пат беа дел од егендарната трка во 1973 година, а возачкиот тандем сеуште е непознаница.

го сакам ле ман и секогаш сум бил фан на таа трка. ако добијам можност би бил пресреќен да се обидам таму, но во моментов сум фоксуриан само на формула 1 – објасни шарл при презентацијата на тимот во петокот.

И колегата на Леклер, Карлос Саинз, откри дека е заинтересиран за таков проект, но и тој во моментов е насочен строго на Формула 1.

секако дека тоа е многу интересен проект и одлично е што бренд како ферари ќе се обиде повторно на ле ман. дефинитивно ќе бидам голем нивни навивач на трката.

во однос на возењето, имам многу да поработам и поради тоа во моментов сум целосно фокусиран на скудерија ферари во формула 1, така што други проекти само ми минуваат низ мозокот. ќе го следам ле ман, но таа желба е далечна.

Освен тоа што потврди дека се враќа на Ле Ман, италијанците не понудија никакви детали за своите планови, а ништо повеќе не откри нити Матиа Бното.

влезот на ле ман воопшто не е последица од намаленото трошење согласно буџетското ограничување. мислам дека програмата беше веќе подолго време анализирана во компанијата затоа што имавме интерес за истаа.

дали јас ќе бидам одговорен не знам затоа што ферари е посебна компанија и целосно е небитно кој ќе биде главен и одговорен, мислам дека јас нема.

ние сме скудерија ферари и сме целосно фокусирани на формула 1 програмата, но не сомневам дека многу ќе ги поддржуваме ле ман напорните со нашето искуство и знаење. ние сме едно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ