Леклер во одбрана на стратегијата на Ферари

Шарл Леклер застана во одбрана на Ферари за нивните стратегии за време на трката за Големата Награда на Монако.

Моначанецот заврши на шестото место во Монако, позиција од каде што започна откако доби казна од три места поради попречување на Ландо Норис во квалификациите. Ферари го повикаа Леклер во бокс во 45от круг, додека Џорџ Расел, кој возеше зад него, остана на патеката. Се до неговата грешка, тоа беше маестрално возење на Расел, бидејќи тој повторно се доближи до третото место додека паѓаше дождот, во ситуација во која Леклер не можеше да превземе ниту една позиција.

Зборувајќи по трката, Леклер брзо го одбрани Ферари за одлуките што ги донеле за време на трката.

Во минатото правевме грешки во однос на стратегијата, но Мислам дека ова не беше грешка. Во такви услови, имате поголема веројатност да има безбедносно возило, со толку многу болиди на мазни гуми додека врне дожд.

чекавме безбедносно возило од некој што ќе погреши, но Тоа не се случи и тоа е тоа. Во ретроспектива, застанувањето претходно беше вистинската одлука. Имавме многу тежок болид во метежот. Нашето темпо е подобро од она што го покажавме денес. На крајот, не можев многу повеќе, Болидот беше многу тежок за возење на влажно.

Леклер потврди дека Ферари ќе има голем број на надградби за Големата Награда на Шпанија следниот викенд.

Ќе имаме неколку нови делови. Се надевам дека ќе оди во вистинската насока, но Не очекуваме чуда. Се надевам дека е доволно барем да имаме добри квалификации.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ