Леклер: Ги затворав очите онаму каде што се судрив во Петок

Шарл Леклер од Ферари се пошегува дека ги затворал очите додека минувал по 22та кривина од патеката, местото каде имаше силен судар на вторате петочна тренинг сесија викендов.

Моачанецот загуби контрола над задниот дел од болидот кон крајот на 60-минутната сесија во Петок, така што им отвори многу работа на механичарите на Ферари да го поправат болидот ноќта помеѓу Петок и Сабота. Болидот беше “масакр“, но за чудо шасијата и менувачот биле неоштетени од силниот судар, а возачот вети дека ќе му се оддолжи на тимот.

24-годишниот имаше уште еден ризичен момент на истата кривина во својот последен К3 круг на денешните квалификации, но извозе одлично и донесе старт од вториот ред, разделувајќи ги двата болиди на Ред Бул на стартниот грид.

мислам дека не можевме да очекуваме ништо повеќе од ова. кругот беше навистина, навистина многу добар, на самиот лимит, а на 22та кривина некако ги затворив очите кога минувв и ми успеа. беше одличен круг и пресреќен сум што утре стартувам од 4то место.

“затворени очи“ е само израз, сигурен сум дека очите ми беа поотворени од било кое друго место на патеката, но да, загубив малку контрола низ таа кривина, исто како во петок, но малку поблаго. овој пат успеав да се задржам на патеката и пресреќен сум – изјави леклер.

Возачот на Ферари кои претходно годинава освојуваше пол позиции на градските Баку и Монако, призна дека клучно на квалификациите биле самодовербата и вербата во болидот.

вербата во болидот кој го возите е клучна на градски патеки и тоа прави најголема разлика на крајот. секогаш кога сум имал болид во кој можам целосно да верувам, сум добар, но овој пат беше тешко да стекнам верба поради она што се случи вчера.

морав да одам чекор по чекор од т3 утрово до последниот круг во квалификациите, а тој беше буквално се собрано во едно, на самиот лими и испадна одлично.

ако го видите моето минување на 22та кривина, мислам дека се гледа оти не ми е најудобно со оглед на тоа шт осе случи вчера, а последниот круг таму бев некои 2 десетинки побрз одошто претходните кругови, ризикував.

Возачот призна дека исто како и колегата Карлос Саинз и тој се мачел на медиум во средниот квалификациски сегмент, иако неговите проблеми не беа толку очигледни како на шпанецот кој утре ќе тргне од 15то место.

и јас имав тежок среден квалификациски сегмент. во првиот дел мислам дека саинз многу добро работеше со болидот, јас исто така, но штом отидовме на медиум, болидот стана тежок за возење, а задниот дел тежок за контрола.

на крајот во вториот к2 круг направивме промена и беше малку подобро, а за последниот круг во к3 на софт беше доста подобро.

Шарл призна дека не се чувствувал совршено во утрово, имал болки во стапалата и во главата по силниот судар, но бил изненаден што болидот бил поправен затоа што видел дека штетата била огромна.

удрив прво со задниот дел и тој дел го превзема целиот удар, така што беше чудо што моторот е добро. шасијата подоцна удри и прими помал удар, но и таму беше моќно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ