Леклер го задржува подиумот, 50.000 евра казна за Ферари

Шарл Леклер избегна дисквалификација од резултатот на трката во Абу Даби и ќе го задржи третото место на подиумот, но Ферари се казнети а прекршување на правилото за гориво.

Ферари беа насочени кон стјуардите откако техничкиот делегат на ФИА, Џо Бауер, забележа значителна разлика помеѓу пријавеното гориво од тимот и количината во болидот.

Бидејќи ситуацијата се случи веднаш пред стартот, на Леклер му беше дозволено да се трка и возачот е пласираше на третото место, позади Хамилтон и Верстапен на второто место.

Резултат ќе остане, но ФИА ги казни Ферари со парична кзна од 50.000 евра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ