Леклер го објасни престасувањето над Ботас

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, изјави дека обидувајќи се да избегне нечист воздух пред него го извел неверојатното престасување на Валтери Ботас од надворешниот дел на третата кривина во Шпанија. 

Возачот на Ферари се квалификуваше на 4та позиција и стартуваше крај Ботас во вториот ред, а по стартот излезе пред него. Моначанецот доби неверојатна можност да го престаса од надвор во третиот свиок, нешто што наликува на потегот на Алонсо против Кими Раиконен и Хамилтон во 2013 година. 

Но, Леклер изјави дека не го планирал ова туку  само сакал да има чист воздух пред него. 

Не го планирав претекнувањето. туку Видов шанса и ја искористив. Се обидував да возам по различна линија од Валтери бидејќи тој го следеше Луис. Кога си зад болид губиш потисна сила и не функционираш како што треба. Од надвор имав повеќе грип и го престасав – опиша пилотот на ферари

Шарл изјави дека не го видел до сега потегот на Алонсо на претходните трки во Шпанија. 

Сите ми зборуваат за тоа, но јас не сум го видел тоа престасување. И кај него ли беше на стартот? потешко е од надвор со сите остатоци од гума. Лесно е само во првиот круг. 

Ботас призна дека не го видел Леклер бидејќи бил зафатен следејќи го Хамилтон и Макс Верстапен пред него. 

Да бидам искрен не го видов Шарл. Кога го видов знаев дека е побрз од мене.

Во првите два свиока има една линија. Знаев кај ми е местото.

Во третиот свиок го следев Луис и не знаев дека има шанса Шарл да е близу. Имаше доста грип и ме помина од надвор. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ