Леклер демантира дека ќе има привилегиран статус

Шарл Леклер демантираше дека Ферари ќе му дадат привилегиран статус и ќе му биде загарантирано местото на возач број еден во тимот од следната тркачка сезона.

Потегот на Ферари да ја прекинат соработката со Себастијан Фетел и да го потпишат Карлос Саинз за следната година од страна на многумина беше протолкуван како хиерархиски, односно да му се даде целосна поддршка на Шарл.

не станувам возач број еден на ферари. карлос е одличен возач и ако тоа не го сфатија сите до сега, ќе го покаже и докаже тоа многу брзо во ферари. за мене тој ќе биде голем предизвик – појасни 22-годишникот.

Во врска со тоа дали ќе му недостасува четирикратниот првак Фетел со кој одработе една сезона, во која често имаа и проблеми на патеката, тој одговори:

вистина е дека многу работи научив од себ и пресреќе сум што го имав како колега затоа што е многу искусен и успешен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ