Леклер добил писмо од Фетел пред да дојде во Ф1

Шарл Леклер изјави дека добил писмо со заблагодарување од Себастијан Фетел пред да дебитира во Формула1 во 2018 година.

Во 2017 година, Леклер возеше во Формула 2 и тестираше во симулатор за Ферари. Фетел ја имаше својата трета сезона како возач на Ферари и се бореше со Луис Хамилтон за титулата.

Тој беше извонреден. Се сеќавам кога бев во Формула 2 и работев во симулатор. Навистина се обидував и мислев дека Себ не гледа ништо. Еден ден ми се заблагодари за напорната работа. Многу ми значеше – се присети моначанецот.

Подоцна Леклер дојде во Ферари и возеше покрај Фетел пред четирикратниот шампион да си замине од тимот.

Бевме колеги во 2019 и 2020 година и ме научи многу. Имавме тешки моменти на патеката, но почитта не се промени.

Работата со него беше различна од таа со останатите колеги и мислам дека секогаш се грижеше да ми помогне во тешките времиња. Секако ќе ми недостига и сигурен сум дека уживаше на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ