Леклер доби дозвола да продолжи да се трка

Шарл Леклер доби дозвола да проолжи да се трка од страна на медицинскиот персонал на патеката Џеда откако имаше многу силен судар за време на крајните делови од втората тренинг сесија во Петок.

Моначанецот загуби контрола над задниот дел од својот СФ21 болид минувајќи над тротоарите на 22та кривина од патеката и удри директно во ограда со огромна брзина. Болидот беше силно оштетен, но возачот излезе без никакви проблеми, по што следуваа медицинските прегледи.

Ферари в исто време ја проценува штетата и размислува за евентуална промена кај некои од компонентите доколку се покаже дека се неупотребливи за остатокот од викендот.

Шарл беше единствен возач кој имаше силен судар во Петок, а неговото време беше доволн оза 10то место во ситуација во која неговиот колега беше побрз и заврши на 7ма позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ