Леклер задоволен: Ферари се во право што ни даваат еднаков статус

Шарл Леклер откри дека ја опддржува одлуката на Ферари да им даде еднаков статус на своите возачи во првиот дел од сезоната.

Мнатата година моначанецот освои повеќе поени од својот колега на патот до 2то место во возачкиот шампионат и испорача три победи за Скудерија, додека Саинз победи само еднаш, негов прв триумф во кариерата.

Тимот од Маранело доби нов шеф во Фред Васур за оваа тркачка сезона, а французинот веднаш откри дека нема да има привилегиран возач на почетокот од сезоната.

целосно се согласувам со таа филозофија затоа што сметам дека е исправен начин да се почне сезоната. важно е карлос и јас да бидеме целосно мотивирани во нашата работа во првиот дел на сезоната и да се притискаме еден со друг за што подобри перформанси.

потоа, ако во одреден момент од сезоната еден возач е во комбинација за титула, а другиот не е, тогаш ќе направиме се што е можно да се даде поддршка на подобриот во шампионатот. секако дека за тоа ќе разговараме подоцна, но на почетокот ќе бидеме исти.

тепко е да се предвиди. сигурен сум дека одлично е сработено со болидот, но не можеме да знаеме до каде се ред бул и мерцедс кои очекувам да се силни – посочи шарл.

Тој не сакаше да предвиди ништо за формата на тимот, но побара да се остане концентриран иако се покаже дека имаат проблеми на стартот.

една работа во оваа ситуација е сигурна особено по сезона како лани, без оглед на тоа како ќе се одвиваат првите трки, ако победуаме, тоа не значи дека ќе освоиме титула или обратно, ако сме лоши на почетокот, може да не биде така на крајот. сигурен сум дека ќе имаме конкурентен болид, но да видиме каде се дугите.

тешко е да се направи споредба и треба а почекаме да почне сезоната кога по неколку трки ќе се знае до каде сме. од првиот ден на тестирањето ќе имаме некаква претстава кога ќе почнеме да ги разбираме силните и слабите страни како и споредбите со останатите. тестовите не се секогаш многу јасни, но даваат добра слика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ