Леклер инспириран од Хамилтон влегува во модниот свет

Шарл Леклер наскоро може да го следи Луис Хамилтон во модниот свет, а веќе е познато дека младиот возач од Монако има пасија за облекување и дизајнирање.

Потпишувањето со Скудерија и двете лански победи на Шарл со тимот му донесоа договор со Џорџо Армани каде е еден од главните Амбасадори на брендот, а тој признава дека страста кон модата и дизајнирањето не се многу далеку од неговата страст кон тркањето.

навистина сакам да дизајнирам облека и дефинитивно тоа е креативен елемент кој ме инспирира. можам да цртам, но дали можам да изработам своја колекција, не сум сигурен дека сум на тоа ниво. имам многу јасни идеи што сакам, но сеуште не сум подготвен целосно да дизајнирам – откри леклер.

Луис Хамилтон веќе подолго време има своја линија во соработка со партнерот на тимот, Томи Хилфигер, а Леклер е мотивиран и инспириран од тоа.

многу кусо имам разговарано со луис за модата и му честитав за неговата нова колекција. тој работи одлично со брендот и мене ми се допаѓа, дефинитивно и јас сакам да го следам во иднина.

Тој откри дека редовно го користи времето во долгите летови за да направи по некој дизајн на неговиот АјПад.

тоа ме релаксира и го намалува притисокот, барем мислам на нешто друго освен тркањето што е позитивно.

во минатото мој проблем беше што еднставно не знаев да помислам на ништо друго освен тркањето. периодов ми помага модата и музиката, креативен сум и релаксиран.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ