Леклер искрен: Атмосферата без Фетел е “поинаква“

Шарл Леклер откри дека атмосферата во Скудерија Ферари без присуство на Себастијан Фетел е “поинаква“.

Најголема разлика се чини дека е техничкиот дел во тимот, веќе немаат најслаб мотор и немаат лоша шасија.

болно е што сеуште имаме проблеми да дојдеме до подиум и да се бориме за победи, но се подобривме драстично во однос на лани иако има уште мноуг за да стигнеме до врвот. ако се споредиме со 2020 година, првите три трки се многу позитивни – изјави моначанецот за ртл.

Италијанците изгледаа изненадуачки конкурентни во Петок, а Шарл беше најбрзиот болид кој не е шампионскиот Мерцедес.

оваа патека е многу репрезентативна за остатокот од сезоната. ние сме блиску со мекларен, алпин и алфатаури и ако имаме совешен викенд сигурен сум дека можеме да бидеме пред сите нив.

Сепак, тој не пропушти да посочи дека вистинскиот фокус е кон болидот за 2022 година и дека неговиот нов колега кој го замени Фетел врши одлична работа.

различно е без себ.

во врска со карлос, сеуште се сеќавам на чувството да се биде нов во тимот и знам дека е многу мотивиран и среќен за се околу себе.

расположението во екипата е променето, но не знам да ви кажам што тргна наопаку со себ лани. се надевам дека тој ќе иа добра сезона годинава затоа што е одличен човек кој многу напорно работи.

Сепак, тој посочи дека е многу посреќен сега кога го има Карлос зад себе.

се притискаме еден со друг и многу време минуваме во Маранело пред сезоната обидувајќи се да го насочиме тимот во вистинска насока. до сега соработката е многу констуктивна.

секако дека сме конкуренти и секој од нас сака да го победи другиот, карлос сака да победи, исто и јас и споделуваме многу информаци за болидот мотивирајќи се еден со друг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ