Леклер искрен: Осмото место е нашата реалност

Шарл Леклер смета дека осмото место кое го освои на денешните квалификации за Јубилејното Гранд При е реална слика на перформансите на СФ1000 во моментов.

Една недела откако се квалификуваше на 4то место, а трката ја заврши една позиција погоре на истата патека, италијанците имаа многу потежок тркачки викенд и се мачеа со помеките гуми кои Пирели ги донесе за овој настан.

не сум воопшто изненаден и мислам дека овој резултат е реална слика за нашите перформанси. се мачием повеќе од минатата недела особено поради тоа што имаме помеки гуми на располагање.

се чини дека доста сме агресивни кон гумите, а не успевам да завршам ни цел круг на софт пред да загубат карактеристики. едноставно многу наеднаш губат перформанси во последниот сектор, таму загубив доста време, но за сега е така – свесен е шарл.

Возачот од Монако смета дека сетирањето со мало количество на потисна сила кое го користат викендов помогнало да се грижат за гумите, иако е свесен дека повеќе потисна сила ќе ги направи пребавни. Со оглед на стратегијата околу гуите која екипте ја имаат на располагање. тој е подготвен за многу тешка трка.

утре ќе биде многу тешка трка. тешко ни оди да финишираме квалификациски круг, а на трка ќе ни биде уште потешко да држиме чекор со останатите, но мораме да останеме оптимисти, а мое е да дадам се од себе и ќе видиме каде ќе завршиме.

мислам дека ќе има возачи кои ќе ризикуваат и ќе се обидат со едно застанување да ја завршат трката, додека останатите ќе одат на две. не можам сега да кажам за нашата стратегија, но ќе анализираме се и ќе се адаптираме на она што го имаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ