Леклер и Албон се приклучуваат во виртуелното тркање

Шарл Леклер од Скудерија Ферари и Александер Албон од Алфа Таури се помеѓу петте возачи од Формула 1 гридот кои ќе се тркаат на втората трка на еСпортс, официјалната серија за виртуелнот рекање на Формула 1.

Тие ќе го имаат нивното деби, исто како и Џорџ Расел од Вилијамс, а второ појавување во серијата ќе имаат Ландо Норис и Николас Латифи. Освен нив, на трката ќе вози и Џони Херберт и поранешниот крикет играџ Бен Стокс.

Оваа трка ќе се одржи во викендот кога требаше да се вози трката во Виетнам, а втората виртуелна трка ќе се вози на Алберт Парк бидејќи трката во Ханои ја нема во официјалната Формула 1 2019 игра.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ