Леклер и Фетел се објаснија за сударот

Возачкиот тандем на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел, вели дека го надминале несаканиот судар кој се случи претходниот тркачки викенд на втората трка во Австрија, Штаерското Гранд При.

Двајцата возачи се судрија во првиот круг од трката кога Леклер преамбициозно се обиде во 3от свиок од внатрешната страна и удри во Фетел, со што германецот мораше да се откаже поради оштетено задно крило. Леклер продолжи со трката, но набргу и тој се откажа поради голема штета на подот. Во интервју за инцидентот, Леклер го истакна следното:

Да, мислам дека го надминавме тоа. Разговарав со Себ по трката и му се извинив и мислам дека тој го прифати тоа. Сега е позади нас.

Од моја страна, јас ќе се фокусирам на овој викенд и ќе се обидам да го постигнам најдобриот резултат.

Фетел се согласува со коментарот на својот тимски колега:

Нема што повеќе да се додаде. Овие работи се најлошото нешто што може да се случи. Мора да се обидеме да ги избегнеме, Но се тркаме и тоа за жал е дел од спортот. Разговаравме, тоа е позади нас и ќе имаме шанса за неколку дена да се подобриме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ