Леклер казнет три места на стартот

Шарл Леклер доби казна од три позиции за утрешниот старт во Монако поради забавување на Ландо Норис во тунелот на денешните квалификации.

Возачот на Ферари беше многу бавен во тунелот додека Ландо зад него беше на летечки круг и му го уништи времето. Моначанецот требаше да стартува од 3то место на домашната трка, но со казнат од три места, ќе тргне од 10та позиција.

леклер го заврши својот последен к3 круг и беше на 4та кривина во комплексот кривини кои се протега до 10от свиок норис беше на летечки круг и брзо го стигна леклер на средина од тунелот, така што тој очигледно го забави.

двајцата се согласија дека не можеле повеќе да направат во тунелот за да избегнат забавување со оглед на тешката видливост и светлото во тунелот. всушност, стјуардите потврдија дека леклер разумно реагирал на синото знаме од маршалите, но било предоцна – посочија стјуардите.

Документот на ФИА потврди дека стјуардите го ревидирале и радиото на Леклер и заклучиле дека Ферари не му дале никакво предупредување дека Норис наближува зад него се додека не стигнал буквално позади него кај тунелот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ