Леклер мора да го контролира “убиствениот“ инстинкт

Шарл Леклер верува дека има “убиствен“ инстинкт кој го води да атакува само кон првото место, но смета дека е потребно да го контролира тоа во некои ситуации бидејќи може да има негативен исход.

Возачот од Монако уживаше во првата сеона со Ферари во 2019 година и иако му беше потребно повеќе време, тој на крајот стигна до првата победа во Белгија, а потоа и во Монца. За него се очекува дека ќе биде светски шампион, но доколку сака повеќе победи и да нападне кон титулата, тој верува дека мора да го промени својот пристап во трките.

Штом седнам во болидот имам убиствен инстинкт. Не сакам да завршам на второ или трето место, четвртто или петто, тие позиции не ми значат ништо. Тоа е силна особина, но може да биде и слабост.

Некои од грешките кои ги направив беа поради тој менталитет бидејќи давав се од себе, а немаше потреба. Нема да му се допаднам на секого, но таков сум. Тој менталитет има позитивна страна, но може да влијае и негативно. Мора да го контролирам. Со искуство ќе дојде и тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ