Леклер научил да биде трпелив во Ферари

Шарл Леклер откри дека трпеливоста е најважната лекција која ја научил во својата прва година во Ферари и призна дека пред да дојде во Маранело бил многу нетрпелив.

Откако во две последователни сезони најпрво беше ГП3 првак, а потоа и Формула 2 шампион, како штитеник на Ферари дојде во Формула 1 во Алфа Ромео од каде само по една сезона мина во Маранело на местото на Кими Раиконен. Во првата сезона во црвениот болид стигна до две победи и седум пол позиции што му донесе подобар пласман на крајот од својот колега, Себастијан Фетел.

Запрашан за наважната работа која ја научил лани во Ферари, младиот возач од Монао без двоуење одговори:

мислам дека тоа е трпението, нешто што е многу важно и нешто што го немав во минатото. но, во ферари тоа го научив и ми стана јасно дека не можам се да постигнам одеднаш. понекогаш треба трпение и да учите од најдобриот, од себ, како и да се средите во тимот. често треба да се почека, а претходно тоа не беше случа во младите категории – појасни леклер.

Како награда за одличната дебитантска сезона во Маранело, Шарл доби долгорочен договор со тимот до 2024 година, но сеуште му е тешко да поверува дека е возач на Скудерија Ферари.

чувството е одлично, навистина добро. и покрај тоа што мина година откако почнав да возам за ферари посебно е чувството секогаш кога ќе ја облечам црвената боја. сеуште ми е тешко да поверувам дека сум тука, чест ми е и навистина не можам да дочекам повторно да се тркам.

22-годишникот потенцираше дека не би менувал ништо од она што се случило во минатото затоа што грешките го направиле возачот и човекот кој е денеска.

секако дека сум правел грешки во текот на мојата кариера, но истите ме направија возач како што сум денеска и научив од секоја од нив. поради тоа не би менувал ништо затоа што секоја грешка е лекција и од секоја грешка може да се научи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ