Леклер незадоволен од себе

Шарл Леклер е лут на себе и се извини на тимот откако успеа да се квалификува само на 8мо место за Мексиканското Гранд При.

На Ферари им треба силен викенд затоа што автодромот Ерманос Родригез е патека која треба да им одговара повеќе одошто на Мекларен во борба за 3то место кај конструкторите. Саинз се мачеше на двете последни сесии пред квалификациите, но беше силен на самата квалификациска сесија со место во третиот ред.

Леклер се изврте и заврши во ограда на првата сесија во Петок, така што викендот не почна добро за него. Како што одминувале сесиите откри дека се чувствувал се подобро, но заглавил во гужва и се чувствува одговорен што не испорачал подобар круг на квалификации кога било најпотребно.

секако дека со болид пред мене во последниот сектор не беше идеално, но морам да кажам дека јас сум виновен за тоа и лут сум на себе. не бев доволно добар.

во првиот сектр имав круг каков што сакав и се беше одлично и бев 1,5 десетинки побрз одошто претходниот круг. потоа направив грешка која не треба да ја правам во последниот квалификациски сегмент.

жал ми е за тимот затоа што од првата сесија во петок вршат одлична работа. не ми беше лесно со болидот воопшто и правев грешки на сите трки сесии пред квалификациите. на саите квалификации конечно добив добро чувство, но продолжив да грешам. жал ми е и ќе учам од оваа сесија – појасни леклер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ