Леклер нетрпелив да се врати на патеката

Шарл Леклер призна дека очајно многу му недостасува Формула 1 тркањето иако редовно и секојдневно се трка во симулаторот од дома и се пренесува на својот Твич профил во екот на карантинот предизвикан од Ковид-19 пандемијата.

единствено нешто на што ислам е да се вратам на патеката. тоа го сакам највеќе, но за жал во моментов ситуацијата е таква што тоа е невозможно – вели леклер.

По откажувањето на Австралиското Гранд При, во центарот на вниманието во Формула 1 е политиката и трансферите помеѓу возачите. Се очекува сезоната да почне во Австрија на почетокот на Јули пред празни трибини.

заспивам и се будам со една мисла, да почне тркањето. ми недостасува многу, тренирам повеќе од било кога за да бидам врвно подготвен кога ќе почне сезоната.

По зимските тестови се чини дека Ферари по малку заостануваа зад Мерцедес и Ред Бул, но и покрај тоа сите очекуваат Леклер со целосна поддршка од тимот сериозно да нападне за титула.

не знам што да очекувам. морам да работам и сеуште имам многу пред себе. задоволен сум од растот и развојот до сега во формула 1, на прав пат сум, но имам уште многу. се надевам дека еден ден ќе освојам титула, но тоа е далеку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ