Леклер: Не очекувам чудо во Мелбурн

Една година по неговата победа на Австралиското Гранд При, Шарл Леклер изјави дека Ферари нема да ги повтори истите перформанси од минатата година. 

Минатата година Ферари дојде до втората победа на првите три трки со доминантни перорманси на Алберт Парк. Но, оваа година Ред Бул доминира на првите две трки и никоја екипа од гридот не може ни да се приближи од нив.

Имам добри спомени, но мислам дека нема да сме во иста позиција како минатата година. Имаме мотивација да се вратиме напред и работиме на тоа. Но не чека многу работа. Не очекувам чуда и се надевам дека брзо ќе добиеме надградби на болидот – посочи моначанецот.

Темпото за трка на Ферари е неспоредливо со тоа на квалификациите и тоа е слаба точка на болидот. Леклер верува дека саботните перформанси ќе останат, но тешко дека ќе се бори за победа на трка. 

На квалификации сме добри од почетокот на сезоната, но болидот е пребирлив на патеките и трките. Мора да му се погодат условите за да се извадат перформанси бидејќи со потежок болид имаме повеќе ограничувњања со кои се мачиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ