Леклер: Ова е како победа за мене

Шарл Леклер откри дека не очекувал за финишира погоре од 8то место од кое стартуваше на Јубилејното Гранд При денеска, поради што е среќен што заврши само една позиција надвор од местата кои носат подиум, односно на 4та позиција.

Пирели најавија оти не очекуваат никој да ризикува и да оди со едно застанување во боксот за време на цела трка, но Скудерија го докажа спротивното откако спортскиот шеф на екипата, Лорен Мекиес пред трката најави дека мор да ризикуваат во однос на стратегијата.

Леклер и Естебан Окон кој тргна од 14то место и заврши на 8мо беа единствени кои предвидените 52 кругови на Силверстон ги минеаа со само една промена на гумите. Кон крајот на трката Леклер возеше на ниво на водечките и доста кругови го задржа зад себе Луис Хамилтон кој имаше “чичка“ нови гумите на својот болид.

пресреќен сум и за мене ова е како победа. знам дека не звучи убаво кога толку се радуваме на 4то место и кога таа позиција е како победа за нас, но во моментов тоа е реалноста.

лани моја слаба страна беше менаџирањето на гуми и поради тоа работев многу напорно да се поправам во тој сегмент. резултатот е веќе видлив на патеката и поради тоа сум презадоволен.

четврто место денеска е одлично затоа што не очекував ништо повеќе од осмо место во случај. на остварување на доброто свенарио кое го предвидовме пред трката. пресреќен сум морам да повторам – изјави шарл.

Младиот возач на Ферари бил зачуден од ритамот кој го имал во одреден дел од трката и дури имал шанса да го мине Валтери Ботас од Мерцедес за последното место на подиумот.

бевме пресреќни да бидам искрен, но мораме да анализираме и да разбереме зошто бевме толку брзи затоа што не знаеме. искрено не разбирам како успеавме да изменаџираме и да стигнеме до такви перформанси затоа што и на крајот од втората серија на хард по толку многу кругови бевме многу брзи.

во одреден момент помислив да забрзам и да го нападнам ботас, нешто што не мислев дека е возможно годинава. се обидов да му дадам отпор на хамилтон затоа што тоа е исправно, му оставав простор затоа што си ја работев својата трка.

на крајот верував дека можам до подиум што ќе беше уште посензационално и исклучително, но не стигнав.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ