Леклер оптимист: Не покажавме се

И покрај неубедливиот прв ден кој Ферари го имаше во Саудиска Арабија, Шарл Леклер е оптимист дека фановите имаат причина за смиреност.

Моначанецот се откажа од Бахреинското Гранд При пред две недели поради проблеми со моторот, а на утрешната трка ќе треба да отслужи 10 места казна поради промена на контролната електроника. Дополнително, Скудерија одбра да инсталира нови мотори со внатрешно согорување во двата свои болиди на патеката како мерка за претпазливост, така што очигледно е дека издржливоста на СФ-23 е проблем.

За време на вториот тренинг, Леклер и Саинз стигнаа само до 9то и 10то место.

искрено мислам дека не сме лоши, чувството е добро, но тешко е да се прочитаат перформансите затоа што сите работеа своја програма во однос на моторите и тежината, така што различно е.

тестиравме нови работи денеска и се мина како што очекувавме. тешко е да се разбере до каде сме споредено со останатите поради различни програми.

тешко е да се прочита гридот од петочните сесии, но чувството беше добро, тркачкиот ритам се чини дека е подобар од оној во бахреин, така што тоа е доста позитивно.

имаме уште резерва, но ќе видиме до каде сме. сигурен сум дека и ред бул имаат нешто скриено за остатокот од викендот, но мислам дека во моментов сме поблсику до нив.

ќе се обидеме да извадиме максимум од утрешните квалификации, но со оглед на казната од 10 место за недела, главниот фокус е да го надоместиме тоа во текот на трката – појасни леклер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ