Леклер откри што има слично со Хамилтон

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, откри што има слично со Луис Хамилтон надвор од тркањето и моторспортот.

Младиот моначанец објасни дека со седумкратниот првак многу често разговараат за модата за време на тркачките викенди. Луис е познат кон својата страст кон модата и редовното ексцентрично облекување, а се верува дека бил клучен во доаѓањето на Томи Хилфигер како партнер на Мерцедес.

почнав со еден моден проект, но се откажав, иако се надевам дека повторно ќе можам да се посветам на тоа во блиска иднина. често луис и јас зборуваме за модни брендови кои ни се допаѓаат.

тој има добар вкус и многу храброст да се покаже во падокот со својот стил. модата е себеизразување како зборувањето, а тоа го разбрав со моето патување низ светот. знам дека облекувањето има различно значење во различни традиции и култури.

модата почна да ми биде интересна во 2017 година, почнав да одам на ревии и станав амбасадор на армани – појасни леклер за la gazzetta dello sport.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ