Леклер официјално ја заврши 2019 со судар

Шарл Леклер ја заврши 2019 година со Ферари со судар во последниот ден од пост-сезонскиот тест во Абу Даби во Среда одработен за доставувачот со гуми, италијански Пирели.

Леклер имаше одлични перформанси во неговата деби сезона со Скудерија, освои седум пол позиции и победи на две трки со пласман на 4то место во поредокот, пред Себастијан Фетел.

Но по судар во свиокот 13 на два часа пред крајот на сесијата ја завршија сезоната откако изгуби контрола над ивиците. Вториот ден го заврши на второто место, 0.197 секунди позади Џорџ Расел за Мерцедес и со 103 кругови.

Ова беше наш последен ден на патеката и мислам дека беше корисен, иако поради несреќата моравме да го прекинеме тестот порано. Направивме голема споредба со пневматиците од 2020 година и собравме многу податоци кои ќе ги анализираме.

Сега може да се одмориме малку, но никогаш нема да ја заборавам мојата прва сезона со Скудерија Ферари и сигурен сум дека за кратко ќе се вратиме на патеката – изјави Леклер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ