Леклер: Пизитивните Ковид тестови покажаа дека мораме да останеме внимателни

Шарл Леклер смета дека скорешните позитивни Ковид-19 тестови на двајца негови колеги од гридот покажале дека мор да се остане претпазлив и покрај тоа што рестрикциите наметнати од корона вирусот се олабавени.

Даниел Рикардо беше приморан да го пропушти вториот предсезонски тест во Бахреин и целата работа остана на грбот на Ландо Норис, додека Себастијан Фетел нем да се трка на отворањето на сезоната, а Нико Хулкенберг ќе го менува.

Годинав протоколите се олабавени на одреден начин, нема веќе задолжителен ПЦР тест 24 часови пред влез во падокот иако препорака е често тестирање. Екипите веќе редовно лично ги одржуваат тимските состаноци наместо преку апликации како Зум, нешто што беше пракса минатите две години, додека во Бахреин се враќаат и сесиите каде возачите делат автограми на фановите.

Леклер посочи дека е добро што работите полека се враќаат во нормала, но мора да се остане претпазлив.

мораме да бидеме претпазливи во меѓусебните контакти затоа што ковид не исчезна од денес за утре. доколку имате ковид, пропуштате трка, тоа многу чини и поради тоа треба да сме “на штрек“ – посочи моначанецот од ферари.

Карлос Саинз посочи дека се обидува да остане колку што може повеќе дисциплиниран, исто како кога почна пандемијата, иако рестрикциите се се помали.

нема да лажам, имавме две тешки и исцрпувачки години, но исто е, ништо не менувам. се навикнавме на некои работи, се мачиме со други работи мораме нонстоп да носиме маска, а јас искрено се надевам дека наскоро се ќе биде целосно нормално.

Шпанецот посочи оти годинава има можност д се бори за големи работи и поради тоа не смее да си дозволи да пропушти трка и мора да е екстра претпазлив. Хамилтон, Перез, Строл, Мазепин и Раиконен пропуштија до сега трки поради вирусот.

Надвор од падокот, секоја екипа има своја процедура за тестирање, а Леклер откри дека во Маранело редовно се тестираат, особено при влез во фабриката. Самиот тој два пати беше позитивен, последен пат при крајот на минатата година и два пати искуството било разично.

првиот пат не беше лошо, но вториот пат ми беше доста лошо, главоболка и тешко чувство. но, не траеше многу долго кај мене, ендна недела, можеби и малку повеќе од тоа. зависи од човект, имам другари кои поминувале и полошо  и поради тоа е тешко да се предвиди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ