Леклер: Предните гуми ќе се мачат во Барселона

Шарл Леклер од Ферари верува дека предните гуми особено предната лева ќе биде под огромен напор за време на Шпанското Гранд При крај Барселона викендов.

Шиканата пред последната кривина е отстранета за овогодинешното издание на трката, така што се појавува голем правец кој ќе ги стави предните гуми на дополнителен испир. Менаџирањето со пневматиците се покажа како клучно сезонава, некои екипи се мачеа повеќе од други, а Ред Бул се супериорни.

мислам дека предната лева гума ќе се мачи цела трка, но исто е за сите, ќе биде огромен предизвик во однос на сетирањето така што ќе се обидеме да ја зачуваме таа гума колку што може повеќе.

се надевам дека новите делови кои ќе ги донесеме ќе бидат добри во однос на менаџирањето со гуите затоа што очекувам тоа да биде главен предизвик во барселона – најави моначанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ