Леклер признава: Дуелот со Верстапен ми го промени пристапот

Иако Шарл Леклер беше поразен на трката за Големата награда на Австрија во 2019 година, возачот на Ферари признава дека станал поагресивен возач од неговата битка со Макс Верстапен.

Трката беше една од главните моменти во сезоната со двајцата млади возачи во најдобра форма. Верстапен се избори за враќање од пит-стоп за да го предизвика Леклер во завршните фази, на крајот минувајќи го на свиокот број 2 на три круга до крајот.

Агресивниот потег на Верстапен доведе до контакт, а Леклер беше принуден да ја напушти патеката и да вози преку тротоарот. Возачот од Монако за италијанската верзија на Motorsport.com изјави дека од тогаш тој не се воздржува кога треба да се бори со него.

Да, делумно затоа што пристапот на стјуардот се смени по тој викенд и ни беше дозволено да ги минеме границите што беа поставени до таа точка.

Мислам дека беше добро за нашиот спорт и тоа го кажав веднаш по трката и покрај тоа што бев разочаран од резултатот. Секогаш мислев дека ако ни дозволат да се натпреваруваме со помалку ограничувања, тогаш ќе можеме да понудиме поспектакуларни трки, но ни требаше единствен метод за проценка на работите, што се случи.

Од тогаш знаеме дека можеме да притискаме повеќе кога станува збор за борби меѓусебе без страв дека ќе налетаме на казни и јас добро се прилагодив на оваа ситуација.

Леклер сега влегува во третата сезона со Ферари и иако стана позрел возач, тој знае дека секогаш има простор за подобрување, особено кога станува збор за управување со гумите.

Имам список на работи што сакам да ги подобрувам секоја година. Кога станува збор за управување со гуми, тоа е нешто што останува во тек. Мислам дека се подобрив, но знам дека има уште работа да се направи.

Комплицирано е и секогаш кога ќе седнам во болидот секогаш има нешто ново да научам, без разлика дали е тоа како да управувам со нив на брзи кругови или во однос на темпото на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ