Леклер призна: Казната беше оправдана

Шарл Леклер верува дека казната од пет секунди што ја заработил во Јапонија со која го загуби 2то место на трката била оправдана од страна на стјуардите на трката.

Возачот на Ферари беше под засилен притисок на крајот од трката од Серхио Перез и Ред Бул кои напаѓаа за неговото 2ро место. Додека кочеше за шиканата во последниот круг, ја промаши точката на запирање и ја пресече шиканата, минувајќи три десетинки на целта пред мексиканецот Перез.

Стјуардите најавија разгледување на инцидентот и експресно брзо одлучија дека ја напуштил патеката и стекнал предност од тоа, казнувајќи го со пет секунди, така што наместо на 2ро место пред Перез, заврши зад него и му даде и теоретска титула на Макс Верстапен.

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, откри дека е многу изненаден и разочаран од одлуката затоа што на Леклер не му била дадена можност да даде изјава, а претходната трка на стјуардите им требаше вечност да донесат одлука за престап на Перез.

направив грешка обидувајќи се да максимизирам се и продолжив право. не бев свесен дека е последен круг, но казна од пет секуди е сосема оправдана за тоа, искрено – посочи шарл.

Шарл имаше подобар старт на Сузука од Верстапен, но немаше храброст толку доцна да притисне на сопирачката и веднаш ја загуби предноста, така што Верстапен поведе и не го испушти водството до крајот. По рестартот, Леклер се мачеше да го држи ритамот на Макс и заврши 26 скунди зад него по само 28 извозени кругови.

се обидував да преживеам до крајот на трката која беше претешка. чеко многу ме притискаше кон крајот, а јас се мачев да ги одржам предните гуми кои беа целосно уништени. завршив правејќи грешка, но беше многу тешко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ