Леклер: Ред Бул се од друга планетa

Шарл Леклер нема никаков сомнеж дека Ред Бул останува класа за себе и дека тимот од Милтон Кинс е како од друга планета и покрај тоа што беа доста блиску до времето за пол позиција поставено од Серхио Перез.

Во пресрет на Саудиското Гранд При, моначанецот беше свесен дека промена на контролната електроника му носи 10 места казна на гридот, но притискаше до крајот на квалификациите за да се осигура дека ќе почне колку што може погоре во поредокот. Но, иако дојде на само 15 стотинки од Чеко на второто место, не е претеран оптимист за она што следува утре.

Ферари не покажаа потенцијал за да го победат Ред Бул, а со оглед на тоа што Макс Верстапен имаше проблем со преносот, отпадна во К2 и ќе тргне од 15то место, шанса за добар пласман постои.

среќен сум и да и не. од една срана мислам дека беше тежок викенд во однос на ритамот за нас, но среќен сум со мојот квалификациски круг во кој вложив многу и бев на самиот лимит.

од друга страна, ред бул сеуште се од друга планета, а ние се мачиме, така што мораме да продолжиме да притискаме и тоа ќе го направиме како екипа.

утре нема да биде лесно, имаме казна од 10 места така што ќе почнеме од позади, но се фокусираме на трката и се надевам дека многу скоро ќе се вртам при врвот – оптимист е шарл.

Скудерија мина голем дел од викендот фокусирајќи се на тркачкиот ритам откако се мачеа на неделната трка во Бахреин, Леклер не смета дека ќе биде лесно.

ритамот на трка изгледа силен, но тешко е да се спореди затоа што на вториот тренинг во петок сите работеа различна програма. ќе видиме, изледа сме подобри, но нема да биде лесно затоа што мислам дека тркачкиот ритам е доста изедначен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ