Леклер сака борба за титула со Себ

Шарл Леклер повторно уверува дека има здрав однос со својот колега Себастијан Фетел откако машки се бореа во текот на сезоната што доведе до нивни судар на Бразилското Гранд При кон крајот на сезоната.

нашиот вземен однос е многу подобар одошто луѓето мислат дека е. постои огромна желба за победа кај двајцата, но и голема доза на зрелост.

себ е голем шампион со многу големо искуство и да се соочите со него во ферари е огромен предизвик, но и голема можност за мене – појасни шарл.

На крајот на сезоната Леклер го победи Фетел на поени, имаше и две победи споредено со едната на германецот, но и седум пол позиции во однос на двете на Себ.

никогаш не очекував да имам вакво деби во ферари кое беше многу подобро одошто очекував. знаев дека е голем предизвик, но во исто време и голема можност особено поради тоа што навистина не сметав на седум пол позиции. следната година вистински би посакал да се борам и тркам за титула со себ – најави младиот возач за италијанска La Gazzetta dello Sport.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ