Леклер сака да биде шампион годинава

Шарл Леклер, младиот возач на Ферари, откри дека има за цел да стане првак уште оваа година, а доколку не успее во тоа, сака да се осигура дека ќе го освои насловот следната 2021 година.

Возачот од Монако дојде во Ферари од Алфа Ромео во пресрет на минатата сезона како замена за Кими Раиконен и уште првата година во Марнело покажа дека е подготвен да “се носи“ со четирикратниот првак, Себастијан Фетел, кого брзо го остави зад себе по перформансите.

Падокот смета дека Леклер заедно со Макс Верстапен се двајцата кои се очекува да го симнат Луис Хамилтон и Мерцеде од тронот. Шарл сака тоа да го направи уште годинава, а најдоцна следната.

се надевам дека годинава ќе освојам титула, иам немам ништо против и да чекам до 2021 година ако сигурно ја освојам. ќе биде многу тешко и мислам дека 2020 година ќе биде важна затоа што ќе се инвестира многу со оглед на новите правила и буџетското ограничување во 2021 година.

ќе се обидам да бидам колку што можам пдобро подготвен во 2021 година затоа што ќе биде голема и клучна година и се надевам дека ќе работиме добро како екипа да создадеме болид способен да нападне за титули – посака леклер.

Ферари направија многу грешки со кои го оддалечија Леклер од титула минатата сезона, иако и самиот возач е свесен дека дел од вината е и кај него по неколкуте грешки од негова страна. Сепак, тој инсистира дека е во најдобрата екипа на гридот и посакува да ги испорача амбициозните цели.

целта е да бидеме колку што може подобри и доколку не успееме, да не бидеме многу послаби од лани. секако дека сакам да освојам титула и тоа е оптимистичка цел, но јас секогаш целам високо.

ќе се обидам и ќе дадам се што имам за да победам. јас возам, го имам најдобриот тим зад себе и сакам да им го дадам тоа што го заслужуваат со добра работа на патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ