Леклер сака да се заблагодари на тимот на најдобар начин

Шарл Леклер сака да му се заблагодари на Ферари на најдобар можен начин, односно со добар резултат на квалификациите во Џеда, откако силно се судри и го оштети болидот на Т2, давајќи им полни раце работа на механичарите во текот на ноќта.

Моначанецот ја загби контролата над задниот дел од болидот на 22та кривина при вчерашните втори 60 минути на патеката крај Црвеното Море и силно се заби во оградата, носејќи црвено знаме. Немаше проблем при излегувањрто на болдот, без проблем ги мина медицинските тестови, но болидот беше силно уништен.

Ферари најавија дека ќе направат темелна проверка на моторот и шасијата на возчот за да видам дали ќе може навреме да го подготват за денешниот утрински тренинг и секако квалификациите.

На двете петочни сесии, возачот заврши со 10то време и 7 десетинки побавно време од Луис Хамилтон на вториот тренинг.

беше добар ден, но за жал заврши на начин на кој не сакав. се на се, ја комплетирав целата тест програма, гледам дека имаме потенцијал и ако направиме се како што треба утре, ќе биде одлично.

јасно е дека ми е многу жал за тимот што им дадов толку многу работа со тоа што го уништи болидот, а се надевам дека со одлична работа на остатокот од викендот ќе им се оддолжам – посака леклер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ