Леклер саркастично се заблагодари на Саинз за влечењето

Шарл Леклер не штедеше зборови по квалификациите во Австралија и изјави дека неговиот круг бил катастрофален и саркастично му се заблагодари на колегата за влечењето.

Иако покажа брзина во текот на првите две сесии, сепак во последната, тој не успеа да се избори за место во предниот ред. Саинз се квалификуваше на петта позиција, додека Леклер беше десетинка поспор и две места поназад.

Лош круг и немав време за подготовка. Му благодарам на Карлос за влечењето. Имав брзина и беше добро – саркастичен е моначанецот леклер.

Последниот коментар се чинеше дека е саркастичен бидејќи Саинз не го повлече Шарл.

Мора да видиме што се случи со Карлос во првиот сектор бидејќи беше јасно дека требаше да форсирам во тој круг и тој беше пред мене загревајќи ги гумите. Штета е.

Немав гориво за втор обид, но се плашевме од дожд и решивме да се повлечам. Лично мислам дека сега имаме подобро подготвен болид за трка, но тоа не го оправдува седмото место. Требаше да завршиме подобра работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ