Леклер се мачел со својот болид

Шарл Леклер откри дека останал задоволен од своето 3то место на денешните квалификации откако се мачеше со својот СФ-23 болид.

Тој освои пол позиција на својата домашна трка последните две години, а и оваа беше кандидат за највисок пласман. На моменти тој беше на провизорна пол позиција, но назадуваше поради посилните кругови на неговите конкуренти, Фернандо Алонсо и Макс Верстапен.

разочаран сум од 3то место, но во исто време мора д го гледам и викендот како целина. се мачам многу со болидот, имавме многу проблеми со подот особено на нагорнината на 3та и 13та кривина од патеката.

на квалификациите беше исто, но со новите гуми можевме да извдиме малку повеќе перформанси и успеавме да комплетираме добар и силен круг. сепак, не беше доволно добар за пол позиција, но тоа беше максимум денеска – смета шарл.

Моначанецот посочи дека тој и тимот се мачеле на нагорнинте цел викенд, а преку радиото се пожали на главата при големите нерамнини.

лани беше многу подобро, беше полесно да се вози, полесно се гледаше патеката и болидот апсорбираше многу од нерамнините, така што севкупно беше полесно, а разликата во однос на годинава е голема.

Третото место на Леклер е под закана поради тоа што е пријавен кај стјуардите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ