Леклер се пожали на лошите менувања

Шарл Леклер изјави дека бавното менување на гуми го чинело доста во неговиот обид од последниот ред да напредува во текот на трката. 

Возачот на Ферари се бореше од 19та позиција поради промена на моторот и имаше напредок во текот на трката. Тој имаше долга прва серија со хард гуми, но немаше доволно брзина зад Окон, а подоцна, за време на менувањето на гумите, беше задржан дополнителни 3 секунди што го стави во ДРС воз каде е претешко да е претекне. 

Тој бавно напредуваше и не успеа да стигне повеќе од 5та позиција. 

Во првиот дел од трката немав проблем и Ја завршував работата со ДРС, Но во средниот дел од истата, имав голем проблем со тракцијата и се борев со Естебан кој имаше нови гуми. Тој имаше повеќе грип и беше фрустрирачки. Менувањето на гумите ми го отежна возењето бидејќи ме заглави во ДРС воз и морав да бидам поагресивен – откри моначанецот.

Леклер смета дека без проблеми можел да ги предизвика возачите на Мерцедес. 

Доколку беше подобра промената, ќе беше друга ситуација. Грешката не чинеше доста. 

Сега возачот на Ферари заостанува 49 поени зад Макс Верстапен кој е водечки и три поени зад неговиот колега Перез. 

Тоа што ме мотивира е брзината на болидот. Не сум загрижен и имам силна мотивација да се борам за победи. Мислам дека во Силверстон ќе успееме.

Ред Бул имаа малку проблеми, но издржливоста е проблем. Не смееме да имам тешки викенди и мора да освоиме што повеќе поени. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ