Леклер созреал многу во екот на проблемите на Ферари

Шарл Леклер смета дека созреал многу сред проблемите кои ги искусува сезонава со Ферари.

Леклер стигна до два подиума до сега во 2020 година, но формата на Ферари е драстично влошена во однос на 2019 година. Моментално тимот е на шесто место во пласманот и се движи во насока да го имаат најлошиот пласман во 40 години. 

Сепак, Леклер верува дека и покрај проблемите, тој се подобрил како возач.

Дефинитивно е поинаква слика споредено со претходната сезона. Имаме потешкотии како тим, но секогаш се учи додека се поминува низ тие тешки моменти. Од нас зависи да останеме мотивирани, што е најтешко во моментов. 

Возењето на Ферари е мотивација само по себе, со тоа немам проблем, многу сум мотивиран и сакам да ја променам ситуацијата. Имам долгорочно партнерство со тимот и одвај чекам да направиме пресврт. 

Не е лесно, но работиме напорно за да се вратиме на врвот, но сепак мислам дека созреав многу годинава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ