Леклер со совет до Расел

Откако дојде од Заубер во Ферари во 2019 година, Шарл Леклер точно знае со каков притисок ќе треба да се справи Џорџ Расел во Мерцедес. 

Расел наредната година ќе вози покрај седумкратниот и актуелен Формула 1 шампион, рекордерот во многу категории, Луис Хамилтон во Мерцедес. 

За Џорџ немам многу што да кажам затоа што Тој знае што треба да направи. Ова е одлична шанса за него, нешто слично како јас покрај Себ кога имав повеќекратен шампион до мене. Треба да ужива во времето таму и да не си прави притисок врз себе – посочи моначанецот.

Леклер знае колку е талентиран Расел бидејќи се тркаше против него во картинг. 

Талентот му е импресивен и Беше импресивен уште од картинг. Бевме колеги уште како млади. Тој веднаш беше брз во болидот. Му посакувам се најдобро. 

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ