Леклер: Тешката сезона го направи Ферари посилен

Шарл Леклер смета дека проблематичната сезона на Скудерија Ферари ја подигнала мотивацијата и духот во тимот, но и дека маките го направиле него посилен како возач.

Леклер освои седум пол позиции и победи на две трки во текот на својата дебитантска Формула 1 сезона во Ферари лани, но годинава италијанците се мачат со недостаток на перформанси од својот СФ1000 болид и во моментов се на 6то место кај конструкторите.

Шарл е далеку побрзото Ферати на годинешните трки и во моментов е на 5то место во возачкиот поредок.

среќен сум и задоволен со начинот на кој се подобрувам како возач од почетокот на сезоната особено со менаџирањето на гуми, нешто што мислам дека ми беше слаба страна лани. многу се трудев во тој сегмент и мислам дека во моментов сум далеку подобар, тоа е позитивно.

во најтешките моменти најмногу се зближувате со луѓето со кои работите и токму тоа се случи во ферари. се обидуваме да му помогнеме на тимот колку што можеме повеќе и да се вратиме онаму каде што сакаме да бидеме. тоа е добро и се надевам дека оваа тешка ситуација во која се наоѓаме ќе трае кусо – посака леклер.

Исто така, неговата неспособност да нападне за врвот му помогнала да стане трпелив возач.

во овие тешки времиња ја најдов мојата одлучност во друг правец, се фокусирам на себе и се обидувам да се поправам и покрај тоа што не се борам за подиуми и победи, туку за пониски позиции.

на крајот на денот мене трпеливоста многу ми помага, заоа што мислам дека во минатото не бев трелив возач и требаше да дојдам во ваква ситуација. секако дека станав многу посилен одошто бев на почетокот на сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ