Леклер: Ферари направија добар чекор напред во Сочи

Шарл Леклер се чувствувал многу подобро околу перформансите на Руското Гранд При во споредба со претходните неколку трки. 

Тимот има драматичен пад од Белгиското Гранд При, каде ниту Леклер, ниту Фетел не завршија во топ 10. Ситуацијата беше исто толку лоша и на домашната трка во Монца.

Што се однесува до Леклер, тимот ги направил вистинските чекори да се движат напред.

Многу сум среќен со денешната трка. Го максимизиравме тоа што го имаме и тоа е најважно. Ова е позитивен викенд за нас и ќе ни помогне психички. Од почетокот на сезоната, секако е тешко да си задоволен со шесто место, но тоа е што е.

Во квалификациите бев фрустриран, но на крајот не мислев дека ќе можеме подобро, дури и да бевме подобри во квалификациите. Среќен сум со викендот. Сега треба да разбереме што сме направиле поинаку и да бидеме многу подобри, Но ова беше добар чекор напред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ