Леклер: Ферари нема да победи ако јас носам одлуки

Шарл Леклер се повлече од првата трка на почетокот на сезоната по дефект на моторот додека беше третопласиран.

Моначанецот испрати порака до Ферари да започне да работи заедно како тим, при што тој ги предупреди италијанците дека нивното чекање за освојување титула ќе продолжи, доколку биде оставен сам да ги носи одлуките. Вообичаена тема во 2022 година беше слушањето на Ферари како го прашува Леклер што треба да прави тимот преку тимското радио, при што 25-годишникот честопати беше одговорен кога станува збор за изборот на гуми.

Речиси како Леклер да мораше да направи милион работи одеднаш, додека функционерите на Ферари немаат одговорност. Возачот на Ферари навидум е уморен од ова и на крајот сака тимот самиот да носи повеќе одлуки, а призна дека има малку информации во болидот.

Шарл верува дека Ферари се подобруваат, но дека за да се стави крај на нивното чекање за титула, сите во тимот треба да се инволвираат.

Навистина сум гласен во тимот за она што го сакам и мислам дека ова е вистинскиот пристап – изјави Леклер.

Значи, ова нема да го сменам бидејќи не ми е грижа што навистина мислат луѓето. Она за што ми е гајле е што се чувствувам добро со себе, давајќи го апсолутното најдобро во тимот за да ги подобрам работите. Ова е мојот главен фокус.

Во однос на тоа да бидам погласен кога сум во болидот и да носам повеќе одлуки, тоа не е вистинскиот начин. Затоа што луѓето не разбираат колку малку информации имаме во болидот, за целата ситуација за време на трка.

Силно верувам дека ако станеме подобри како тим и кога велам како тим, сите се вклучени, зборувајќи за нашата стратегија, гледајќи ја стратегијата, тогаш ќе бидеме најдобри во целост.

Нема да освоиме светско првенство ако јас сам ги носам одлуките во болидот. Не функционира така и во тоа сум убеден.

Сезоната на Леклер во 2023 година секако не започна добро, со тоа што возачот од Монако се откажа по уште еден дефект на погонската единица и покрај тоа што тимот наводно ги поправи проблемите со моторот од 2022 година. Сепак, тој останува категоричен дека Ферари стануваат посилни, но дека треба да се подобрат во она што го прават погрешно.

Да, јас силно верувам дека ова е најдобрата верзија – рече тој.

И зад сцена е истото размислување. После секоја сезона се чувствував како да направивме чекор напред.

Се обидуваме да видиме и да разбереме каде сме погрешиле, а потоа непосредно пред оваа нова сезона, преземаме активности за да ги подобриме тие работи. Така да, за тоа, исто така сум сигурен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ