Леклер: Ф1 мора да биде подготвена да ги откаже спринт трките

Шарл Леклер прифати дека Формула 1 се обидува да го промени форматот на викендот, но мора во исто време да биде подготвена и да ги откаже спринт трките доколку не функционираат.

Новите квалификациски трки ќе бидат пробани на три Гранд При настани во 2021 додека, а веќе е потврдено дека првата ќе биде одржана на британски Силверстон во Јули.

Спринт трката ќе биде долга 100 километри и ќе трае околу 30 минути. Пит стоп нема да има и ќе се води борба од почеток до крај. Леклер ја подржува идејата и изјави дека ќе даде се од себе, но не треба да се биде тврдоглав доколку овој концепт не успее.

Мора да сме објективни доволно до крајот на сезоната и доколку е лош исходот да се вратиме на стариот формат. Можеби ќе биде нешто поинтересно во текот на викендот и ќе биде добро за спортот. Немам посебно мислење, но сакам да го пробам ова. Можеби ќе биде интересно за фановите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ