Леклер ќе биде поагресивен по инцидентот со Верстапен

Шарл Леклер вели дека ќе биде поагресивен со својот возачки стил откако Макс Верстапен избегна казна по нивниот инцидент во завршницата на Австриското Гранд При.

Возачот на Ферари беше претекнат за водство од Верстапен на 3 кругови до крајот во Ред Бул Ринг пред две недели откако беше истуркан надвор од патеката, што доведе до истрага кај стјуардите.

Официјалните лица на крајот решија да не превземат дополнителни мерки, потврдувајќи ја победата на Верстапен, додека Леклер остана да чека сеуште за својата прва победа.

Јас немам проблеми со одлуката и беше лесно да продолжам понатаму. Единствено нешто што посакувам е можеби малку повеќе постојаност во одлуките.

Мислам дека имало инциденти во минатото кои не биле толку очигледни на некој начин, а за кои била доделена казна. Ако е дозволено да се тркаме на таков начин, јас сум повеќе од желен да се тркам така. Мислам дека тоа е добро за Формула 1. Мислам дека и ние возачите тоа го сакаме.

Само треба да знаеме што може да очекуваме од другите и поради тоа би сакал малку повеќе постојаност во казните. Очигледно, во моментот бев фрустриран. Ако е постојано, јас можам да се тркам на таков начин.

Како возачи секогаш се обидуваме да бидеме на работ на правилата. Така што, дефинитивно ќе го променам мојот пристап и ќе додадам малку повеќе агресивност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ