Шарл Леклер вели дека со цела година искуство во Ферари тој има појасна слика што посакува од неговиот болид во 2020 година.
Пред неговата трета сезона во Формула 1 и втора со Ферари, Леклер е желен да игра клучна улога во развојот на болидот со цел да го покаже целосниот потенцијал во предсезонските тестови и на првите неколку трки. Иако тој подржува дизајнерската работа на нивните инженери, тој смета дека Формула 1 возачите може да придонесат со поголемо разбирање и влијание над сетапот и на оптималниот баланс.
Минатата година нивниот болид имаше поопуштен заден дел што повеќе му одговараше на Себастијан Фетел.
Во однос на насоката на дизајнот, се работи повеќе околу балансот. Различни возачи имаат свои преференци, дали сакаат повеќе надуправување или подуправување, а тимот сега ме познава многу повеќе и што сакам од болидот, така што може да изработат болид со кој ќе го најдам балансот.
Ние немаме многу влијание над дизајнот, но повеќе на балансот кој зависи од возачите. Во однос на аеродинамиката и потисната сила, тоа зависи од инженерите. Чувството на возачот влијае над балансот на болидот – вели Леклер.